Институтот за јавно здравје на Црна Гора го ажурираше списокот на земји од кои пристигнувањето во Црна Гора не подлежи на посебни ограничувања.
Македонија пак не е на списокот. Од аземјите од регионот и Србија не е на списокот, јави Б92.
Оваа недела списокот нема да се прошири, затоа што во периодот од последното ажурирање немаше држави кои ги исполниле утврдените критериуми, објаснија од Институтот.
Денеска и Грција одлучи отворањето на греницата кон Македонија да го помести од 15 на 1 јули.
Претходно Бугарија донесе одлука за обавезен карантин за граѓани кои во таа земја велегуваат од Македонија.





