Црна Гора остана без влада

Падна владата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, откако ноќеска



По 12-часовна расправа во Собранието на Црна Гора синоќа ѝ беше изгласана недоверба на владата на премиерот Дритан Абазовиќ.

За паѓање на владата гласаа 50 пратеници од вкупно 81.

Абазовиќ, првиот премиер на Црна Гора кој припаѓа на малцинска национална заедница, беше на функција 115 дена. Тој беше потпретседател во претходната влада на Здравко Кривокапиќ, а откако во февруари годинава го иницираше уривањето на таа влада, Абазовиќ на крајот на април стана премиер со помош на Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ.

До изборот на нова, владата на Абазовиќ ќе функционира во технички мандат.

Во завршниот говор Абазовиќ  кажа дека се надева оти претседателот на Црна Гора наскоро ќе му даде мандат на новото мнозинство за состав на новата Влада или ќе има нова нестабилност.