Црна Гора легализираше истополови бракови

42 пратеници од црногорскиот парламент, еден повеќе од потребното, го подржаа Законот за животно партнерство на лицата од ист пол со што се легализираат исдтполовите закони во оваа земја.. Против гласаа пратениците на повеќето опозициски партии.



„Ова е голем чекор во вистинска насока за црногорското општество, неговата демократска зрелост и за процесот на интеграција“, изјави премиерот Душко Марковиќ и се заблагодари на ЛГБТИ заедницата за учество во дијалогот

„Тоа е следниот голем чекор во процесот на заштитата на правата на ЛГБТИ лицата. Но, сега сме поблиску од кога било до достоинствен живот и денеска престануваме да бидеме граѓани од втор ред“, соопштија ЛГБТИ здруженијата.