Црна Гора веднаш ќе се приклучи кон новиот пакет санкции на ЕУ против Русија, кои се однесуваат на прекин на бизнисот во секторот на недвижности со руски државјани, пишува подгоричка „Побједа“.



Весникот истакнува дека во Црна Гора руски граѓани поседуваат 19.000 имоти и речиси четири милиони квадратни метри земјиште.

Најголем дел од тие недвижности, 98 отсто, се во приморските општини, а најмногу во Будва и Бар, пишува подгоричкиот весник.

Забраната нема да важи за Русите кои имаат државјанство или дозвола за престој во членките на Европската унија и Швајцарија.