Црногорската влада ја „замрзна“ цената на белиот леб на 50 центи во четвртокот и донесе одлука за дистрибуција на 64 000 литри масло за јадење на сиромашните граѓани со цел да се намали ударот врз животниот стандард, пренесува Beta.rs.



Во последните денови Црна Гора бележи пораст на цените на основните прехранбени производи, така што потрошувачката корпа за четиричлено семејство порасна на 656,90 евра, а просечната плата е нешто повеќе од 500 евра.

Од владата велат дека ова е одговор на ненадејниот скок на цените на основните производи, што значи дека Владата се однесува одговорно во услови на криза, без да ги намалува платите и пензиите и да им помага на социјално загрозените категории на население, соопшти Владата.

Од опозицијата вели дека овој потег само укажува на тешка криза која потсетува на 90-тите години на минатиот век.