Дирекцијата за статистика на Црна Гора, Монстат, денеска за прв пат презентираше податоци за резултатите од пописот на населението.
Во Црна Гора живеат 633.158 жители, беше соопштено на конференцијата.
На пописот од 2011 година, Црна Гора имала вкупно 620.029 жители.
Тоа значи дека бројот на жители во однос на минатиот попис е зголемен за два отсто или 13.000 луѓе, беше соопштено на прес-конференцијата на Монстат.
Директорот на Монстат, Мирослав Пејовиќ најави дека се исполнети условите за објавување на првичните резултати, а во текот на годината сукцесивно ќе се објавуваат и други податоци.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2023 година започна на 3 декември, а заврши на 28 декември.






