Црногорската Антикорупциска Агенција отвори постапка против десет функционери бидејќи беше утврдено дека нивниот начин на живот не е во согласност со нивните приходи.
Според црногорскиот весник „Дан“, Агенцијата води управна постапка од каде претседателот на државата Мило Ѓукановиќ ги добил своите скапи часовници, кои според некои проценки вредат повеќе од милион евра, пренесува N1.
Институцијата на чело со Јелена Перовиќ најави уште една постапка поврзана со семејството Ѓукановиќ – сопругата на претседателот Лидија Ѓукановиќ и нејзиниот скап стајлинг ќе бидат предмет на увид.
Сопругата на претседателот Лидија Ѓукановиќ често се фотографира во облека што ја надминува официјално пријавената плата на неа и на нејзиниот сопруг.
Лидија Ѓукановиќ последен пат е фотографирана на протестот пред парламентот, каде според медиумите кои ги анализирале сајтовите за нејзиниот стајлинг и брендирана облека, таа била облечена во кардиган и џемпер за кои се вели дека чинат 4.300 евра.
Агенцијата изјави дека ќе ги испита овие наводи за неусогласеност меѓу начинот на живот и пријавените приходи, во согласност со овластувањата пропишани со закон
Сопругата на Мило Ѓукановиќ минатата година избра скапа облека за учество на Парискиот мировен форум – се одлучи за фустан на Валентино, кој чини 3.500 евра, пишува „Дан“.






