Координирани и речиси истовремени експлозии во три католички цркви и во три луксузни хотели во Шри Ланка убија најмалку 160 лица, а стотици се повредени.
Ова е првко крвопролевање во земјата остров каде граѓанската војна заврши пред десет години а таканаречените „Тамилски тигри“ го положија оружјето.
Властите соопштија дека се сомневаат дека експлозиите во две од црквите биле извршени од бомбаши-самоубијци.
„Ројтерс£ прецизира дека само во една од црквите, која се наоѓа во градот Котахена северно од главниот град Коломбо, загинале повеќе од 50 лица, а од снимките се гледаат тела како лежат на земјата, крв и уништен покрив.
Други најмалку 25 лица загинаа во напад врз црква во градот Батикалоа во Источна провинција.
Засега ниедна група не ја презеде одговорноста за најкрвавите напади во земја која војуваше со децении со тамилските сепаратисти до 2009 година.
Премиерот Ранил Викрисинг повика на состанок на Советот за национална безбедност.
Директорот на Националниот болница во Коломбо Саминди Самракун изјави дека знае за најмалку 20 смртни случаи и 280 повредени само во главниот град.
Се уште не се знае бројот на загинати во нападнатите хотели во Коломбо и Кингсбуру .




