Вкупниот број на заразени од коронавирус во Италија достигна 41.035, јавуваат италијанските медиуми.
Пријавено е дека има дури 33.190 позитивни случаи или 4.480 повеќе случаи од вчера.
3.405 е бројот на починати, 427 повеќе од претходниот ден.
Со овој „биланс“, во Италија умреле повеќе луѓе од коронавирусот отколку во Кина (3.245) од каде се прошири вирусот.





