Вирусот одговорен за пандемијата од Covid-19 може да остане и до 28 дена на површини како што се банкноти, екрани на телефони и нерѓосувачки челик, пренесува BBC.
Наодите од австралиската национална научна агенција велат дека SARS-Cov-2 може да преживее многу подолго отколку што се мислеше. Експериментот бил спроведен во темнина и истиот покажал дека УВ зраците го уништуваат вирусот.
Коронавирусот најчесто се пренесува кога луѓето кашлаат, киваат или зборуваат. Но, постојат и докази дека може да се шири и од честички што висат во воздухот. И покрај тоа што е потешко, сепак постои можност за пренесување на заразата од Covid 19 со допирање на заразени површини како метал или пластика.
Што вели студијата?
Претходните лабораториски тестови откриле дека SARS-Cov-2 може да преживее два до три дена на банкноти и стакло и до шест дена на пластика и нерѓосувачки челик.
Најновото истражување покажало дека вирусот е „екстремно цврст“ и истиот преживува и до 28 дена на мазни површини, како што се екраните на мобилни телефони, пластични и хартиени банкноти кои се чувани на домашна температура и светлина.
За споредба вирусот на грип може да преживее 17 дена во исти околности.





