Циркус и апсурд: Како дел од странските новинари гледаат на Македонија

Новинарот на светскиот сервис на Турската Радио Телевизија Абдил Вехаб оценува дека во Македонија се случил апсурд а политичката состојба во земјата ја споредува со циркус.



,,Каков апсурд во Македонија?!
Мнозинството што ја води Владата има 59 пратеници, опозицијата има 60 и еден пратеник е исчезнат/или киднапиран.

Целиот овој театар како Собрание расправа за недоверба на владата на премиерот Зоран Заев.

Својот пост за Македонија турскиот новинар во илустрира со циркуски шатор.