Грчкиот премиер  предмалку пристигна во Скопје, во придружба на 10 министри и заменици од неговата влада и 70-на бизнисмени.



Првата посета на грчки премиер на Скопје ќе ја следат стотина акредитирани новинари, а во живо ја пренесуваа националните телевизии.

на скопскиот аеродром тој беше пречекан од владина делегација, а свечен дочек и средба со домаќинот, премиерот Зоран Заев е предвиден пред Влада.

Впопрсрет на денешната посета на гостинот од Грција, на владата од синоќа има табли со новото име на државата како што предвидува Преспанскиот договор.