Ципрас си најде замена за Каменос, кој е против Македонија

Левичарското Движење за промени на лидерката Фофи Генимата би можело да биде идниот коалициски партнер во грчката влада по сегашните тешки недоразбирања на релација Ципрас – Каменос.



Политички аналитичари сметаат дека коалицискиот „брак“ на владејачката и Независни Грци (АНЕЛ) е пред распаѓање и веројатно ќе биде раскинат летово, а можеби и порано, доколку несогласувањето околу спорот за името на Македонија ја втурне Владата во нова криза.

Лидерот на АНЕЛ, Каменос, стои цврсто на ставот дека неговата партија нема да поддржи сложено име во кое би бил вклучен терминот „Македонија“, што е причина за постојани критики на адреса на коалициската влада дека нема единствен став за толку значајното „национално прашање“ за Грција.

Доколку таков предлог – сложено име со геграфска одредница – стигне во грчкиот парламент во блиска иднина, се смета дека Алексис Ципрас нема да може да се потпре на Каменос, туку ќе побара нов коалициски партнер.

Терен за тоа веќе има: Неодамнешната иницијатива на лидерот на новоформираната партија „Движење за промени“, Фофи Генимата, за отпочнување на процес за реформа на грчкиот устав, предизвика  шпекулации и сценарија за идните политички коалиции.

Генимата, неодамна разговараше со асктуелниотпремиер за можна уставна ревизија, при што Ципрас ја повика лидерката на централно-левичарската партија да разговараат околу ова прашање подетално, како дел од напорите за протуркат „прогресивните промени“ што им се потребни на земјата.

И покрај недостатокот на охрабрувачки знаци дека иницијативата на Генимата ќе биде успешна, аналитичарите истакнуваат дека тоа би можело да биде значајно во однос на политичките салда што ќе произлезат по следните избори.

Засега, во „Движењето за промени“ има различни мислења околу можноста за постизборна коалиција со СИРИЗА: едни сметаат дека треба да се оди во коалиција со партијата на Алексис Ципрас,  други веруваат дека партијата би можела да се здружи со опозициската Нова демократија, трети се на мислење дека партијата треба да има неутрален став.

Меѓутоа, дебатата за можната уставна ревизија создаде сценарија во кои Движењето за промени и Фофи Генимата се најдоа во фокусот, а резултатот и идната коалиција ќе зависат од тоа дали партијата ќе се потпре на „лево“ и на СИРИЗА (која идеолошки им е поблиску) или на „десно“ кон конзервативната Нова демократија на Кирјакос Мицотакис.

Инаку, промените на уставот што ги предлага Генимата вклучуваат мерки за зајакнување на судството, правила кои промовираат транспарентност во финансирањето на политичките партии и донации, воведување на фиксен изборен календар и намалување на потребното мнозинство за избор на претседател на државата од егашните 180 на 160 пратеници ….