Ципрас побара распуштање на парламентот и предвремени избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара распуштање на парламентот и свикување предвремени избори од претседателот на државата Прокопис Павлопулос.



Ципрас се сретна со Павлопулос во претседателската палата, а барањето за предвремени парламентарни избори 4 месеци пред истекот на мандатот на актуелната влада му било прифатено, пренесуваат грчки медиуми.