Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакиопулос изрази уверување дека по 18 јануари премиерот Алсис Ципрас ќе одлучи кога Договорот од Преспа ќе го испрати на ратификација во грчкиот парламент.



„Во соседната земја имаме финална фаза од уставните реформи што ќе започнат на 9 јануари и се очекува да заврши во неделата помеѓу 14 и 18 јануари“, оцени Ѕанакопулос според кој од 18 јануари натаму, кога процесот ќе биде заврше,  грчката влада ќе го предложи законот нас паерламентот.

„Од 18 јануари премиерот ќе одлучи кога ќе се одржи пленарната седница за ратификување на Преспанскиот договор, бидејќи тоа е условот предвиден за негово влегување во сила“, пренесува Прото тема.

 Запрашан дали процесот може да се заврши до март, тој рече дека „не постои јасен временски рок во самиот договор, постои дискреционо право на владата во разумен рок да продолжи со донесувањето на овој закон и за ратификација на Договорот“ вели Ѕанакопулос според кој тоа „не може да надмине еден и пол месец“.