Грчката влада ги отфрли денеска објавените информации во некои медиуми дека премиерот разговарал со своите колеги заизбори во март следната година.
Според пишувањето во водечки грчки медиуми, владата била на мака да обезбеди 151 глас потребни Договорот од Преспа да помине во парламентот , поради што, Ципрас, наводно, ја поставил дилемата: „Ратификација на договорот или избори“.
Во напис („Ифемирида“) се потсетува дека лидерот на коалициониот партнер „Независни Грци“ изјави дека ќесе повлече од владата доколку Договорот стигне во Парламентот, а подоцна побара од Советот за политички лидери и од претседателот на државата, да го блокира.
Запрашанод некои пратеници за ова во понеделникот, премиерот Ципрас одговорил: „Деца… не грижете се“.




