Ципрас е историја, вели лидерот на Неа демократија

Грчката владата се обидува да ги отфрли шпекулациите за предвремени избори оваа есен, но лидерот на Не демократија Киријакос Мицотакис вчера рече дека избори се итно потрени за да ја „ослободат“ земјата.



Во интервју за три радио станици за време на вчерашната посета на Солун, Мицотакис за премиерот Алексис Ципрас рече дека е „патетичен“ и дека неговата администрација е најлоша од обновувањето на демократијата во 1974 година.

„Тој веќе е историја, нема апсолутно ништо што да му каже на грчкиот народ“, рече Мицотакис за Ципрас, кого го нарече “премиер во пад“ и го обвини за „поделба и поларизација“, на земјата, пишува „Катимерини“.

Повторениот повик на Мицотакис за предвремени избори доаѓа само неколку дена откако водачот на Движењето за промени, Фофи Генимата, го побара истото инсистирајќи избори да има пред Грција да потпише договор за излез од третата меѓународна програма за финансиска помош на земјата, која е закажана за август.