Ципрас „договорил“, но Франција не му дава фрегати!

Главната опозициска Нова демократија ја обвини владата за „аматеризам” во водењетона одбраната на Грција, по извештаите во францускиот печат спротивни на изјавата на заменик-министерот за одбрана, Фотис Кувелис, дека Париз се согласи да ѝ даде на лизинг на Атина две фрегати.



„Може ли владата, која дури и одбраната ја води со неверојатен аматеризам, да ги информира своите граѓани за тоа што точно е договорено – ако е договорено – со Франција”, се вели во соопштението на партијата.

Францускиот неделник  La Tribune го цитираше францускиот министер за одбрана, Флоренс  Парли, кој рече дека „не е точно“  дека е постигнат договор, меѓутоа „ние сме на располагање на нашите грчки пријатели да продолжиме да соработуваме уште поблиску“.