Ципрас да гарантира дека има мнозинство во парламентот

Премиерот Алексис Ципрас ќе мора да бараат ново парламентарно мнозинство бидејќи коалициониот партнер „Независички Грци“ (АНЕЛ), на Панос Каменос, ќе гласа против договорот од Преспа, порача портпаролката опозициската Неа демократија, Марија Спираки.



„Каменос и повлекувањето на неговите министри од коалициската влада покажуваат нови бројќи“. Ако Ципрас не може да гарантира мнозинска влада, „тој нема да има политички легитимитет“, изјави Спираки  за Радиото 24/7.

Таа повтори дека НД, исто така, „нема да го ратификува Преспанскиот договор, ниту во овој или во следниот парламент“, пренесува АНА-МПА.

Вчера, портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос уверуваше дека и без Независни Грци, ќе се обезбеди мнозинство од 151 пратеник за гласање за Договорот за промена на името на Република Македонија.