Во иднина сите пакувања ќе мораат да содржат по 20 цигари, со што досегашните пакувања со по 19 цигари нема да бидат дозволени да бидат пуштени во промет, предвидува новиот Закон за тутун .
Законот беше донесен во мај минатата година, а мора да почне да се применува до ноември.
Производителите на цигари веќе го прилагодуваат производството, а со зголемениот износ за акциза, која се наплатува по цигара, новите цени на цигарите ќе бидат за по пет денари поскапи.




