Треба да се напомене дека И 76 години по крајот на Втората светска војна, Русија и Јапонија официјално сè уште се во војна, откако преговорите за конечен мировен договор меѓу Москва и Токио пропаднаа кон крајот на март.
Двете земји не постигнаа договор затоа што Русија одби да се откаже од четирите (Курилски-н.з.) острови во близина на северниот брег на Јапонија што Советскиот Сојуз ги окупираше во 1945 година, анализира Си-Ен-Ен.
„Вашингтон пост“ во четвртокот објави дека на илјадници Јапонци кои побегнале од островот по таа дамнешна инвазија им биле уништени соништата дека ќе се вратат дома по тензиите околу војната во Украина.
Но, Русија соопшти дека ќе се повлече од мировните преговори за спорната територија како одговор на санкциите воведени од Јапонија по инвазијата на Украина.
Тоа е класичен пример на „замрзнат конфликт“ какви што има во многу региони низ светот долго по прекинот на борбите.
Шефот на украинската воена разузнавачка служба минатата недела сугерираше дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја одвои западна Украина од руско-сепаратистичките делови на истокот на земјата и да создаде поделба слична на онаа меѓу Северна и Јужна Кореја – замрзнат конфликт, иако непријателствата во Корејската војна завршија на 27 јули 1953 година.
„Оваа недела накратко се чинеше нејасно можно Русија да го ублажи својот брутален напад врз делови од Украина. Откако руските пратеници разговараа со украинската делегација во Истанбул во вторникот, рускиот заменик министер за одбрана објави дека Москва ќе ги повлече своите сили и драстично ќе ја намали воената активност околу Киев и Чернихив да ја зајакнат меѓусебната доверба“, напиша Фрида Гитис, додавајќи: „Но, оние кои внимателно ја следеа Русија за време на Владимир Путин, знаеја дека не мора да го држат својот збор за тоа. Како да се преговара со соговорник кој лаже рутински, постојано и без каење? Како да се преговара со режим со повеќедецениска традиција за прекршување на нејзините меѓународни обврски?“.
„Западот ќе мора да разговара со непријателот“ вели Едвард Лус за Фајненшл Тајмс:
„Во одреден момент, Западот ќе мора да разговара со непријателот што го има, а не со оној што би сакал да го има. Тоа би значело склучување договор со Путин. Алтернативата, безусловно предавање на Русија и Путин и негово соборување, е облог кои западните лидери не можат да си ги дозволат“.
Лус вели дека малкумина веруваат дека Путин некогаш ќе се откаже од својата крајна амбиција да ја проголта Украина. Секој договор, а камоли прекин на огнот, затоа треба да се третира како тактичка пауза.
Лоренс Фридман, кој за Фајненшл тајмс, тврди дека досега ниту една страна нема мотив да се заложи за долгорочно решение.
Двете страни чекаат воен успех и појасен поглед на веројатниот тек на војната. Но ако ситуацијата укажува на долгорочен ќор-сокак и рамнотежа, тогаш двете страни би можеле да се чувствуваат обврзани да постигнат компромис.
Пензионираниот американски генерал-мајор Мајк Репас смета дека руската инвазија кулминираше пред речиси една недела, што значи дека силите на Путин повеќе немаат доволно борбена моќ за да продолжат да напредуваат.
Сепак, тој додаде дека загубите на украинската страна не се познати, што го отежнува предвидувањето на продолжувањето на војната. Индекс.хр







