Чупеска: Патриотите што се противат на “Бугари во Устав“ не си ја почитуваат државата и можат да ѝ предизвикаат голема опасност за безбедноста!

„Во МАНУ официјално се отвори ‘војна кон ЕУ’. Низ јавниот простор ќе се поттикнува евроскепсата се повеќе со цел да се амортизира штетата, што ја направи опозицијата со самоблокадата, и ќе се вперува прстот кон ЕУ, наместо кон самите себе! Патриоти-евроскептици, ќе мора да се увиди дека сегашната евроскепса е прикриена македоноскепса и опрадување за најниското можно рамниште на самопочит и самодоверба во својата држава.“ – вели универзитетската професорка по политички науки Ана Чупеска во својата колумна со наслов „Македоноскепса“, во која речиси директно ги напаѓа сите противници на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав дека тоа го прават, „за да шират сомнежи во ЕУ и во Македонија“ и оти, наводно „немале почит кон својата држава“!



Во колумната, пренесена во весникот „Слободен печат“, професорката Чупеска ги „предупредува“ „патриотите-евроскептици“, но, кои се, според неа, и „македоноскептици“, дека „со ширењето сомнежи во ЕУ и неменувањето на Уставот можат да предизвикаат голема опасност за безбедноста на својата држава“!

Покрај другото, со својата колумна Чупеска како „уставен експерт“-членка на владината Комисија за промена на Уставот, а всушност само доктор по политички науки без никаква поврзаност со уставното право, се обидува да ја убеди јавноста и во следново: Добивме преговарачка рамка, која не е злонамерна со додавањето други народи во Уставот. Не знам уште кој од ЕУ и од САД не дојде и на кој уште јазик не ни кажаа, вклучително и на чист македонски, дека промената на Уставот е нашата карта за ЕУ, но тоа не допре тоа до некои политички чинители, кои имаат поважни работи од нашите ЕУ-интеграции.

Ние се самоблокиравме со уставните неизмени и сега не можеме да ја видиме втората меѓувладина конференција на Советот. Сегашнава и претстојната евроскепса кај нас повлекува со себе и висококоризични безбедносни предизвици.

Затоа, со волја да се држиме до нашиот државен интерес и да се донесуваат мудри одлуки, кои ќе ни гарантираат подобар и поквалитетен живот тука, кај нас дома. Но, полека со впечатоците, полека и со вергина знамињата, во МАНУ ги ставиле на говорницата?! Замислете!