Чупеска: Опозицијата е политичко животно и лаже дека уставните измени се бугарски диктат! – По изборите ќе уследат драматични барања кон Mакедонците!

„Која ѝ е валидната аргументација на опозицијата, поради која вели НЕ? Велат нема уставни измени, затоа што е бугарски диктат. Не е точно, тоа не е бугарски диктат.“ – тврди професорката по политички науки и „уставен експерт“ Ана Чупевска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во интервјуто за весникот „Слободен печат“.



Користејќи приземен речник со навреди кон македонската опозиција во стилот „во моментов таа е претворена во политичко животно, кое нема скрупули (обѕири) и се бори за власт“, недолични за еден универзитетски професор и доктор на науки, Чупеска „аргументира“: „Тоа што се нарекува бугарски диктат во преговарачката рамка е ноторна лага, тоа не е вистина. Претходните барања, пред преговарачката рамка, беа налудничави барања на тогашната бугарската политика. Апсолутно ништо од тоа сега нема во преговарачката рамка. Во крајна линија можеби и на некои назадни политички струи во Бугарија не им одговара да бидат признати Бугарите во нашиот Устав“.

Ана Чупеска се обидува да „докаже“ дека „преговарачката рамка ги отстранила налудничавите барања од претходната бугарска Влада“. „Преговарачката рамка е кристално јасна. Делот кој се однесува на откочувањето на пристапниот процес е исклучиво врзан за уставните измени, а тие се целосно бенигна (безопасна) опција за нас во моментов, затоа што треба да се додадат уште неколку народи во Преамбулата покрај постојните. Тоа е целосно во согласност со копенхашките критериуми.“ – наведува таа.

Натаму Чупеска во интервјуто изнесува: „Сега ни е отворен прозорецот на можностите, сега е вистинскиот момент и треба да сме свесни дека треба да се качиме на возот. Ако отиде возот, што ќе правиме после? Уште 20 години ќе бидеме изолирани? Не се знае какви коалиции може да донесе изборниот резултат. Можно е да влеземе во т.н. бугарско сценарио на постојани избори, кои ќе донесат немирни води со драматични барања кон Mакедонците.

„Работата е кој ќе преземе одговорност за ова што ќе ни се случи. Затоа е важен консензусот. Како ќе се остварат реформи без консензус? Некогаш и реформите можат да бидат трауматски, па на некои интересни групи да не им одговараат. Затоа треба консензус не само за уставните измени, туку за се што треба. Мора да се најде начин да седнат сите и да се заврши таа работа.“ – вели Ана Чупеска во споменатото интервју, покрај другото.