Нема смисла и поента на преодната влада ако во неа ја нема опозицијата. Нема ниту поента опозицијата да делегира претставници а владејачкото мнозинство да го бојкотира гласањето. Вака дел од аналитичарите ги коментираат најавите на партиите од опозицијата и од власта за меѓусебно бојкотирање на гласањето на претставниците на другата страна во Пржинската влада. Според Петар Арсовски проблемот со ваквите најави е повеќе политички, отколку правен.
Дополнителен политички проблем, смета Арсовски, е најавата на владеачките партии дека нема да ги гласаат министрите од ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на ставот на опозијата дека иако ќе делегира свои миистри и заменици министри во преодната влада, нема да гласа за неа бидејќи таа ќе биде предводена од Талат Џафери од ДУИ.
Целата анализа на линкот.





