„Граѓаните се свесни дека зад олабавувањето на мерките за ограничување на движењето се крие само желбата на владејачката партија за што побрзи избори, а здравјето на граѓаните е во втор план и за ова во неколку наврати укажав во јавноста, но и на седниците на владата“, пишува на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев откако денеска беше прозван од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека тој и Христијан Мицкоски се виновни за порастот на новозаразени од коронавирус.
„Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики тераше дневен ПР од прашањето поврзано со справување со коронавирусот.
Секоја одлука на Владата поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни, беше носена низ призма на политика, а не за да се заштити здравјето и животот на граѓаните и тоа е факт од кој нема бегање“ – пишува Чулев на Фејсбук.





