Досегашниот технички министер за внатрешни работи , уште оваа недела е на функција, а веќе од понеделник МВР ќе го води Агим Нихуи, кој беше заменик на техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Тој го водеше МВР и после парламентарните избори во 2016 година.
Од местото дополнителен заменик заминува и Славјанка Петровска, а си заминуваат и заменските кадри од ВМРО-ДПМНЕ од министерствата за земјоделство, за информатичко општество и администрација и за финансии.







