Алармантна е ситуацијата со патните исправи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
„Патни исправи тип Б веќе речиси и да нема а патни исправи тип „А“, оние на македонски јазик ќе има до 10 февруари.
Значи веќе имаме редуцирано издавање, соопшти “ Чулев.
Според него наредната нарачка е по 15 март со што се создава една сериозна празнина од над месец дена.
Чулев информираше дека нешто подобра е ситуацијата со издавање нови лични карти и возачки довзоли иако и таму има проблеми.




