Чулев одговори но не го навреди Шилегов: Одраз на личноста на градоначалникот

Министерот за полиција Наќе Чулев во негов стил одговори на навредите упатени од градоначалникот на Скопје Шилегов кој вчера го нарече “Луд”.



Чулев вели дека навредите од обвинувањата од Шилегов се очекувани но се неточни затоа што МВР веднаш го расчисти случајот за кој зборува Градоначалникот.

Целата реакција на Чулев кој повеќе од еден месец е мета на жестоки напади од функционерите и членови на СДСМ:

❗ Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрен ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен. Оваа изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја затскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар.

За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за затскривање на неговата неспособност и некомпетентост. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така.

➡️ Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост.

Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде „лудо“ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера.