Чулев: Над 200 лица денеска се враќаат во земјата

Над 200 лица со автобуси и приватни возила денес треба да се вратат во државава, кои по различни основи на различни гранични премини.



„Во вој момент имаме најава за влез во државата на над 200 лица со автобуси и приватни возила кои биле заглавени по различни основи на различни гранични премини. Граничните полицајци се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи и со Министерството за здравство при што во текот на денот се очекува нивно пристигнување. Доколку се утврди нестандардна состојба со истите ќе се постапи согласно препораките на Министерството за здравство“, рече министерот Чулев.