Управниот суд донел пресуда со која ја прифатил тужбата од министерот за внатрени работи Наќе Чулев и ги поништил решенијата на Владата со кои биле поништени негови одлуки за 88 распоредувања на работно место.
„Ова е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со МВР стојат исполнување исклучиво на политички цели.
Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во МВР се во согласност со законот.
Во таа насока ги охрабрувам вработените во МВР и во иднина да постапуваат согласно законот и да ги почитуваат актите кои се донесени од моја страна, затоа што тие се во согласност со законот што во суштина е и единствен концепт на кои се заснова моето работење и раководење со министерството, а што потврда се и одлуките на ДКСК и Управниот суд“, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот. (360 степени)





