Чулев: Безбедносниот ризик од мигранти останува

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оценува дека безбедносниот ризик од мигрантите постои и апелира до државите кои имаат свои припадници на нашата јужна граница да не ги повлекуваат.



„Безбедносниот ризик од мигрнтите стои и понатаму. На јужната граница имаме 130 припадници на други држави, од кои 10 повлече Србија и сега остануваат 120. Апелирам до сите држави да не ги повлекуваат полицајците кои патролираат на јужната граница, изјави Чулев одговорајќи на новинарско прашање.

Тој соопшти дека Србија ги повлекла полицајците и од пунктовите каде имаме заедничка контрола на границата, пренесе „Курир“.