Чукнал часот – Шилегов во градежна офанзива, ќе фрла асфалт на 11 локации

Чукна часот за почеток на градежната офанзива на Скопје. Чукна часот и за кревање на катстрофалниот рејтинг на градоначалникот Петре Шилегов кој му го мереше американската ИРИ. Дали ќе успее да го поправи впечатокот? Дали ќе биде доволно за партијата да му даде доверба за втор мандат?



Град Скопје соопшти дека ја почнува летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период, како што информираат надлежните, предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини.

Планирана е изградба или проширување на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри, бул.АСНОМ од бул.Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри, ул.Васко Карангелевски на потегот од бул.Јане Сандански до бул.Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри и на раскрсниците: на ул.Скупи и бул.8 Септември, на бул.8 Септември и бул.Никола Карев и на бул.Никола Карев и бул.Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток).

Линк до целиот текст.