Фудбалерите на Мароко приредија уште едно големо изненадување на мундијалот во Катар со елиминацијата на пенали над поранешниот светски првак Шпанија, откако осминафиналниот дуел заврши без голови по 120 минути игра.
Откако во групната фаза со 2:0 ја „нокаутираа“ Белгија, „бронзена“ на претходното СП, „лавовите од Атлас“ ги испратија дома избраниците на Луис Енрике, и тоа со 3:0 во пенал-серијата, која ја запечати Хакими, роден во Мадрид.
Претходно, мароканскиот голман Боно ги одбрани ударите од белата точка на Солер и на Бускетс, а првиот пенал на Сарабија заврши во дирекот. На спротивната страна пред Хакими прецизни беа Сабири и Зиех, а ударот на Бенун во третата серија го одбрани Симон.
Четвртата африканска селекција и прва арапска што стигнала до четвртфиналето на планетарните шампионати по Камерун (1990 година), Сенегал (2002) и Гана (2010) за место во полуфиналето ќе се бори од подобриот од последната осминафинална средба вечерва меѓу Португалија и Швајцарија.
Мароканското фудбалско чудо на линкот:






