Чудната агенда на судијата Трпков што може да го спаси Мијалков на сметка на други случаи

Агенцијата Макфакс објавува текст со наслов ,Застарувањето на делата за Мијалков тропа на врата, првите судења за прислушувањето закажани за крајот на февруари”.



Макфакс објавува дека судијата Илија Трпков за последните два дена од февруари закажал први рочишта за „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување, каде што првообвинет е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Ова значи дека повтореното судење во Кривичниот суд ќе почне дури два месеца откако Апелација објави дека ќе ја укине пресудата и еден месец откако апелациските судии ја напишаа одлуката. Ваква динамика утврдил судијата Илија Трпков иако е запознаен дека делата на Мијалков е можно да застарат, а тој да не одговара за прислушувањето.

Според други судски извори судијата кој го води предметот за овој месец агендата за судење ја преполнил со случаи кои не можат да застарат што буди сомнеж дека Трпков намерно создава контекст за застарување на случајот Таргет-Тврдина а во исто време забрзува предмети кои не може да застарат.

Трпков е судијата кој во два наврати во прв степен го осуди Љубе Бошковски за случајот Ровер каде осудените обвинуваа дека нарачател на пресудите од Трпков бил токму Сашо Мијалков. По смената на власта Трпков ја смени одлуката за Ровер.

Од Кривичниот суд за „Макфакс“ велат дека судењата се закажани во согласност со агендата на судијата Трпков, кој суди и други предмети.

„Тие се два термина. Понатаму ќе биде утврдена динамиката и ќе се закажат термините во март“, велат од Кривичниот суд.
За делата на Мијалков и другите обвинети да не застарат, правниците сметаат дека е важен секој ден. Предметот е обемен, а пред пресудата да биде укината процесот од првото судење до одлуката на Апелација траеше пет години. Ако динамиката тече исто како и претходно, а делата на обвинетите им застаруваат во 2025 година, односно за две години, тогаш пресметките покажуваат дека е невозможно да се дочека одговорност за масовното прислушување.

Повеќе детали на Макфакс

Фото: Офф.нет