Чудесно попишување во земјата на чудата

Та-даааам!



Ете, ги слушнавме бројките.

И сега знаеме – Македонија е чудесно попишана, зашто навистина е земја на чудата.

Оваа земја може да се пофали со околу 2,5 милиони горди сопственици на македонски пасоши, но со одвај 2 милиона население.

А и тие 2 милиона не се баш 2 милиона. Колку се? Тоа во моментов никој точно не може да го каже …

По некоја чудна методологија, населението во Македонија е поделено на резиденти и нерезиденти. Присутни и отсутни. На час.

Во дневникот на попишувачите се запишани вкупно 2.097.319 страдни души. Од нив 54,21 отсто се Македонци, а 29,52 отсто се Албанци. Тоа се двете најголеми етнички заедници во оваа земја. Присутни плус отсутни.

Овој резултат и неговата политичка (зло)употреба е смислата на целата скапа операција на етничко пребројување, од врата на врата. Реално, сите други податоци за населението можат да се добијат преку базите на податоци во институциите, освен податокот за тоа како етнички се декларираат граѓаните, кој јазик го избрале за мајчин и која е нивната вероипсовед.

Нејсе, да им се вратиме на чудата …пишува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо.

Целиот текст на следниот линк:

https://plusinfo.mk/chudesno-popishana-makedoni-a/