Невообичаен судар на три возила се случил попладнево пред влезот во Кичево во правец од Охрид по што сообраќајот се одвива по една лента.
Сообраќајката се случила од засега непознати причини на место на патот кое е означено со две полни линии односно каде што не е дозволено претекнување.
Според очевидци на настанот нема посериозно повредени учесници во сообраќајаната незгода во која учествувале три возила.





