Чуден состав на ,,Лидерски состанок” во Скопје – Груби прогласен за лидер на Западен Балкан

Премиерот Ковачевски објави фотографија од вечера организирана во Скопје пред денешниот регионален лидерски состанок на кој се зборува за економски раст на Западен Балкан.



Според објавените фотографии и објавата на премиерот Ковачевски еден од лидерите на Западен Балкан е и вицепремиерот Артан Груби кои се соочува со неколку сериозни корупциски афери.

На фотографија објавена од Ковачевски со назнака дека на сликата се лидерите од Западен Балкан покрај Груби и Ковачевски се наоѓаат и претседателот Пендаровски, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Албин Курти, лидерот на ДУИ Али Ахмети, генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија Герт Јан Копман, шефот на Фондацијата Сорос, Александар Сорос и американскиот заменик државен секретар Џејмс О’Брајан.

,,Во пресрет на утрешниот Лидерски состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ.

Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност”, објави премиерот Ковачевски.

Според упатени извори на expres.mk една од главните теми на разговор на вчерашната средба на која биле четворица албански политичари, тројца американски гости, двајца Македонци и еден Србин од регионот била како да се намали можноста ВМРО-ДПМНЕ да не направи влада по следните избори.

Зошто на средбата покрај Груби не бил вицепремиерот Бојан Маричиќ кој е директно надлежен за проектите на ЕУ каков што е ,,Планот за раст” засега не е јасно но укажува на можноста на состанокот да не се разговарало за евроинтеграциите како што јавно тврди Ковачевски туку за други теми кои се однесуваат на сурова политика.

Ова е втора средба за само една недела на која според изворите на expres.mk се зборувало за ВМРО-ДПМНЕ и можноста Христијан Мицкоски да направи влада по парламентарните избори.

Предходно минатата недела делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ од Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти барала албанската опозиција во Македонија да не кандидира свој кандидат за претседател со цел да не пропадне кандидатурата на фаворитот за претседател на СДСМ и ДУИ.

Следуваат повеќе детали од разговорите на вечерата во Скопје.

Поврзана вест

Се бара начин да се избегне понижување за СДСМ и да се спречи формирање влада на ВМРО-ДПМНЕ?

Пендаровски оди во пензија ако и ДУИ и триото Касами – Меџити – Гаши имаат свои кандидати за претседател!?