Неверојатен избор на гостин и тема на последната емисија 360 Степени на Алсат М во моменти кога се зголемува бројот на заразени и починати од Ковид19, кога ЈО води три случаи за криминал на екс шефот на Фондот за здравство Ден Дончев, кога генералниот секретаријат на Владата Драги Рашковски е фатен во “Сити Мол” како шета без маска и ги крши владините мерки и кога се случуваат низа скандали во кои се инволвирани луѓе од владеачката СДСМ.
Во шоуто едно од главните прашања е дали недостасува дел од снимката на која е прикажан Мицкоски како заминува од фитнес центар кој е затворен додека трае корона кризата иако тој демантираше дека тоа се случило годинава.
Како на одлуката емисијата со гостинката Заменичката Министерка Славица Петровска да се занимава со тема која предходно СДСМ неколку дена се обидуваше да ја наметне во јавноста, реагираат редовните гледачи на 360 Степени, најдобро може да се види од коментарите на најавата на емисијата.
Голем дел од нив најавуваат дека веќе нема да ја гледаат во иднина затоа што ја препознаваат партиската нарачка емисијата да се занимава со тема која е нерелевантна за широката јавност и е од интерес само за СДСМ.
https://www.facebook.com/517101468424055/posts/1993831954084325/?sfnsn=mo
Во коментарите гледачите на Алсат велат дека прашањето дали Мицкоски вежбал во теретана е целосно нерелевантно затоа во него нема ниту корупција ниту криминал а во моментов во земјата има низа други скандали кои се поважни за граѓаните.
Случајот “Теретана” излезе пред околу еден месец кога беше објавено видео на кое се гледа како лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски излегува од Фитнес центар за кој самиот потврди дека последен пат го посетил кон крајот на минатата година кога немаше коронавирус.
Дополнителната министерка Петровска пред гостувањето на 360 Степени заедно со своите партиски портпароли имаше неколку изјави и јавни настапи во обид да и докаже на јавноста дека Мицкоски погрешил што посетил теретана по што следуваше интервјуто на Алсат М.
Во истата емисија покрај Петровска на тема избори учествуваат и двајца аналитичари кои се обидуваат да ги убедат гледачите дека СДСМ има зголемен рејтинг (Теза без аргументи што предходно ја објави Заев) и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува на изборите онака како што тоа го бара Заев, со цел да се прикаже дека опозицијата бега од избори.
Во емисијата не учествува ниту еден претставник на опозицијата што заедно со нејзината содржина остава сомнеж дека нејзина цел била политичка пропаганда во корист на СДСМ во пресрет на изборите кои Заев ги најави за 21 јуни.
Ваквата пристрасност на 360 Степени на Алсат лошо зборува и за финансиерите на шоуто кое се помага со цел на македонските граѓани на избалансиран начин да им се презентираат сите политички субјекти и различни политички ставови.
Емисијата 360 степени на Алсат М се финансира со пари на даночните обврзници на САД односно со финансиска помош од американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).





