Ова беше коментарот на српскиот претседател Александар Вучиќ за составот на поканетите на синоќешната неформална вечера о Атина која ја организираше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, по повод навршувањето на 20 години од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Солунската декларација“.
„Некој чуден формат во Атина, но тоа е прашање за домаќините. Бевме поканети, пет земји од Западен Балкан, но како како кој…
И Приштина беше поканета, иако Грција не го признава независно Косово“, рече Вучиќ. Тој рече дека дури и Мицотакис ќе има билатерална средба со Курти, како што рече, во канцелариите во Атина.
„Хрватите беа поканети, претпоставувам како големи пријатели кои не познаваат сите нас на Балканот, како и Романците и Бугарите, но интересно – не беа Унгарците.
Поканет беше и Володимир Зеленски и поради неговото обезбедување не можевме да кажеме кој би бил присутен и претседателот на Молдавија Санду“, изјави Вучиќ според Б92.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерта пристигна на своето прво учество на состанокот на шефовите на влади на Балканот.
Неговите први разговори беа со домаќинот – премиерот на Грција Киријакос Мицотакис во владината резиденција „Максимос“ во Атина, јави грчката ТВ Скај, а подоцна, тој се сретна и со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.






