„Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон утре ќе престојува во Арачиново, за да ја одбележи 20 -годишнината од Охридскиот мировен договор и битката кај Арачиново, која се смета како една од победите на ОВК во конфликтот во 2001 година.“ – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.
Инаку, американскиот армиски генерал Ентони Тејта, командант на Втората бригада на 101. воздушно-десантната дивизија во базата „Бондстил“ на Kосово, човекот кој лично командувал со извлекувањето 300 – 400 припадници на ОНА од скопското село Арачиново по битката, која сега се означува како „една од победите на ОНА во конфликтот во 2001 година, во интервју за Македонската информативна агенција – МИА дадено на почетокот на февруари 2014 година, изнесе автентично сведоштво: „Најголема загриженост предизвикуваше заканата од ОНА дека ќе почнат со улични напади низ Скопје, ако се соочат со пораз во Арачиново. Ми беше кажано дека герилците успеваат да ги одбранат своите позиции во Арачиново, но дека се при крај со резервите на муниција и храна. Сметам дека затоа се согласија на предлогот да бидат преместени од Арачиново. Преместивме меѓу 300 – 400 герилци од Арачиново до Никуштак’. Препознатлив во Македонија по сцените кога американските војници со автобуси и камиони ги изнесуваа опколените припадници на ОНА, генералот Тејта денес е секретар за транспорт на американската сојузна држава Северна Каролина.“
При својата посета на Арачиново Џорџ Робертсон ќе биде придружуван од лидерот на ДУИ, Али Ахмети и високи државни функционери – Албанци. „Добредојдовте, Робертсон, како што му доликува на Албанец да го прими својот пријател дома! Арачиново ве пречекува со сето свое срце“, – се вели во соопштението на организаторите за приемот на поранешниот шеф на Северноатлантската алијанса.“ – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.






