Од 2030 година треба да започне долгорочно населување, не само на Месечината, туку можеби и на Марс. Спроведувањето на тој план започнува денеска (29.8), со првиот пробен лет.
Лансирањето на следниот ЛИНК
„Артемис 1“ ќе биде лет без екипаж, но тоа е само првиот чекор во мисијата која има за цел да донесе луѓе на Месечината за прв пат по мисијата Аполо 17 во 1972 година.
Нил Армстронг – првиот човек на Месечината

Населувањето на Месечината игра важна улога во истражување на Марс, бидејќи астронаутите сакаат да ја користат површината на Месечината како попатна станица на долгото патување до Црвената планета.
Многу е направено од 1972 година. Амбициите станаа поголеми и техниката се разви понатаму.
Програмата „Артемис“ предвидува испраќање луѓе на Месечината во 2025 година, како и изградба на потрајна населба преку понатамошни патувања во наредните години.
„Првично луѓето ќе бидат на Месечината само една недела, а во следните мисии на Артемис треба да останат таму месец или два, додека конечно не се воспостават постојани населби“, објаснува Јирген Шлуц, вселенски инженер од ЕСА.
Програмата „Артемис“беше лансирана во 2017 година и треба да го обнови патувањето во вселената. Станува збор за заеднички проект на агенциите на НАСА и ЕСА, како и на вселенските агенции од разни други земји.
Сакаме луѓето да продолжат да го истражуваат вселената. Месечината е нашиот најблизок сосед. Има ресурси и други својства кои можат да се користат за истражување, но првенствено ни е важно да се зацврстиме во вселената со „Артемис“, објаснува Шлут.
НАСА ја именуваше програмата „Артемис“ по сестрата близначка на Аполон (чие име го носеше мисијата Аполо од пред 50 години), Артемида, која е божица на месечината во грчката митологија.
Мисијата треба да биде лансирана денеска од вселенскиот центар Кенеди во Флорида во 14:30 часот по средноевропско време.
Вселенското летало Орион би требало да лета до Месечината и ќе биде на пат 26 до 42 дена. Леталото ќе орбитира околу Месечината најмалку шест дена пред да се врати на Земјата и да слета во Пацификот.







