Ако во минатото, масовно истребување на Планетатат сеслучуваа поради удар на големи астероиди или огромни вулкански реакции, сега причината е – човекот.
Меѓу најважните причини за уништувањето на животинските и растителните видови е прекумерната потрошувачка на ресурси, криволовот, уништувањето на шумите и емисиите на штетни гасови од согорување на фосилните горива.
Обединетите нации предупредуваат дека човековата активност во блиска иднина може да предизвика исчезнување на најмалку еден милион видови.
Во нацрт-извештајот, кој беше подготвен меѓувладино ntergovernmental Science-Policy Platform on Biodiversity and Ecosystem Services (IPBES), се вели дека исчезнувањето на растенија и животни е толку забрзано што би можело да се случи во следните неколку децении, и ова го нарекувааат „шесто масовно истребување“.
Според извештајот, речиси три четвртини од земјата, половина од реките и езерата, 40 проценти од сите мориња и океаните веќе покажуваат сериозни знаци на пропаѓање предизвикани од човековите активности.





