Човек од првите редови на Данела Арсовска го понижува Макрон и го прикажува Путин како ,,мачо”

Човек од првите редови на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го понижува францускиот претседател Макрон прикажувајќи го меѓу припадници на ЛГБТ заедницата и во исто време го прикажува Путин како ,,мачо”.



Драган Митковски кој на настанот на кој Данела Арсовска ја презеде партијата Нова Алтернатива седеше во првиот ред објавува фотомонтажа на која претседателот на Франција Макрон е прикажан во друштво со трансвестити и хомосексуалци.

Митковски која важи за најблизок соработник на Арсовска на другата фотографија објавува слика на Путин со офицерки на руската армија во униформа.

Човекот од доверба на Данела Арсовска објавувајќи ја сликата иронично прашува ,,Нема некоја голема разлика”.

Фотографијата Митковски ја објавува воочи 2 Февруари ден кој меѓу граѓаните пежоративно се означува како ден на ЛГБТ заедницата.

Тој експлицитно не открива дали повеќе му се допаѓа сликата на која е Макрон или сликата на која е Путин.

Фотографијата која ја објавува човекот на Арсовска на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0Snw1dzbG8b4HdbbVrJw7xZDL3ufkqnjKKKhs3vrLK3kb8mg2URiLujKncZPXwNvZl&id=100004931621126&mibextid=Nif5oz