Човек од ,,Кланот Ахмети” поточно сватот на Али Ахмети (татко на вереницата на синот на Али, Шкумбин) станал доминантен газда на важна фирма во бизнисот со храна.
Телма јавува дека во петокот, Македонската берза го добила известувањето од кичевската фирма Жито Караорман дека имаат нов сопственик. Станува збор за Селаудин Арифи, сопственик на компанијата АС Сењак кој откупил повеќе од половина акции во Жито Караорман или 50,6%
Неколку недели и стотици објавени информации за оваа мрежа му требаа на обвинителот Ислам Абази, раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за да одлучи и по допрен глас да отвори предмет само за Соравиа. Абази исто така е од Зајас, а има и фотографии со таткото на Дрин Ахмети, за кого отвори предмет.
Досега нема никакви информации за текот на истрагата. Единствено познато е дека низ македонските финансиски текови не поминала првата зделка од 3 милиони евра за долг на Соравиа кој бил уплатен кон доверител на Соравиа.
Повеќе детали на Телма





