Еден од блиските луѓе на екс премиерот Зоран Заев, Ване Цветанов, кој беше директор и во времето на Груевски а во времето на СДСМ стана претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата јавно побара бугарско државјанство.
Цветанов откако вчера откри љубовна и партиска афера во СДСМ призна дека работел во исто време за две тајни служби и се спореди со Гоце Делчев.

Тој и се извини на Бугарија што ја шпионирал и објави рачно напишан документ потпишан од него со кој најавува барање на бугарско државјанство кога ќе дошол во Софија.

Екс функционерот на Љубчо Георгиевски и на СДСМ високо образование завршил во Софија.
Цветанов предходно најави дека при крај бил планот за негово апсење со што укажува на можноста тој преку добивање на бугарско државјанство да се обиде да се спаси од затвор ако биде докажано кршењето на македонските закони.
За љубовно-партиската афера што ја обзнани и предходно
Цветанов го обвини врвот на СДСМ за нова љубовно-политичка афера која не е поврзана со Дунавка




