Државната комисија за борба против корупцијата и судир на интереси (ДКСК) утврдила дека во Струга се случува кршење на законите во кое учествува човек од раководството на ДУИ за кое владата молчи.
Антикорупциската комисија најави дека ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.
ДКСК се сомнева дека Мерко на незаконски начин на два пати назначил вршител на должност (в.д.) директорка на основно училиште во Струга која немала завршено високо образование ниту го имала потребното работно искуство.
Комисијата предложи и кривично да се гонат и в.д. директорката како и уште неколку други вработени кои и помогнале да фалсификува документи кои и биле потребни за изборот на функцијата директор.
Ако владата сака таа може веднаш да му го одземе ингеренциите на Мерко кој е на црната листа на САД и да го расчисти случајот но засега сите во СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците молчат.





