Човек со сомнителен интегритет, во Собранието збореше за опасноста од губење интегритет

Пратеникот Ферид Мухиќ кој триесетина години зборуваше дека името Македонија не треба да се менува а потоа гласаше за промена на уставното име денеска од собраниската говорница зборуваше за интегритетот како важен дел од личноста на пратениците и од имиџот на Собранието.



“Интегритетот е столб на државата. Најлесно се расипува интегритетот. Не плашете се онаму каде завршува стравот почнува слободата”, рече во Собранието Ферид Мухиќ.

Има ли право пратеникот и професор по филозофија да зборува за авторитет откако по долги години битка за името го промени ставот и јавно ја поддржа промената на името?