Градоначалникот Шилегов и главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, обелоденија скандал.
Објавија видеа и фотографии за неодговорно и несовесно постапување со медицински отпад, меѓу кои и делови од човечки органи од болниците во Битола и Прилеп.
„Наместо термички да биде обработен и стерилизиран, се случувало медицинскиот отпад да завршува во Дрисла како обичен отпад.
Пријавено е до Јавното обвинителство, но оттаму немаме информација за преземени било какви дејствија и дали воопшто официјално е започната истрага.
Според нашите сознанија, сторителот се покрива со документација од друга државна надлежна институција“, објасни Шилегов.






