Чомовски постави равенка во живо, Мицкоски ја реши

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски вечерва доби за решавање равенка во студиото на Топ – Тема на Телма.



За време на интервјуто со Александар Чомовски, првиот човек на опозицијата беше прашан кој е резултатот од равенката ВМРО-ДПМНЕ – Груевски + Мицкоски.

Краткиот одговор на Мицкоски до Чомовски беше: Нова Влада.

Во врска со преговорите за името Мицкоски обвини дека иако добил ветување од Заев дека ќе добие информации тој и неговата партија за процесот се информираат од медиумите.

Начинот на преговори со Грција од страна на премиерот Мицкоски го нарече егзибиционистички и ја обвини Владата за конфузност и хаотичност.

Ниски страсти, економско цунами и популизам се начините на кои владее Заев, изјави Мицкоски во Топ Тема.