Фудбалерот на австралискиот шампион Мелбурн Сити, Стефан Чолаковски, изрази благодарност за повикот да дебитира за репрезентацијата на Македонија до 21 година.



„Благодарен за оваа можност. Само напред момци“, порача на Твитер синот на македонски доселеници во Австралија во својата реакција на објавата на неговиот клуб: „Среќни сме да потврдиме дека Чолаковски е повикан во селекцијата на Македонија до 21 година. Тој замина од Мелбурн во почетокот на неделава за да му се придружи на тимот пред дуелите со Франција и со Србија во почетокот на следниот месец. Честитки Чола“, твитна Мелбурн Сити.

Синот на Виолета и Пепи Чолаковски беше играќ на натпреварот во полуфиналето од плејофот во авсѕтралиската Премиер лига, кога во победата од 2:0 над Мекартур го отвори резултатот, а потоа асистираше за вториот гол на својот тим.

На 21 првенствен настап за првакот на Австралија во минатата сезона постигна три погодока.